• понеделник, 23 декември 2024

Тодоровски исклучен, македонската фудбалска репрезентација има 0:0 на полувреме со Бугарија

Тодоровски исклучен, македонската фудбалска репрезентација има 0:0 на полувреме со Бугарија
Скопје, 26 септември 2022 (МИА) – Во последното коло во Ц-сегментот од Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ е домаќин на Бугарија. По првите 45 минути резултатот е 0:0. Голем хендикеп за „црвено-жолтите“ е исклучувањето на Тодор Тодоровски кој доби директен црвен картон во 14. минута по еден остар старт на својата половина. Милевски се одлучи местото на Тодоровски да го пополни со Стефан Ашковски кој во 22. минута влезе како замена на Александар Трајковски, па во нападот сам остана Милан Ристовски. Токму Ристовски во 25. минута ја имаше најголемата шанса во првото полувреме, но неговиот удар од околу 25 метри го одбрани гостинскиот голман Даниел Наумов. На трибините на „Тодор Проески“ се наоѓаа околу 20 илјади гледачи. зс/

Остани поврзан