Товарен воз излезе од шините, сообраќајот помеѓу „Кадина Река“ и „Зелениково“ во прекин
- Сообраќајот помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“ е во прекин откако вчера, во 21:37 часот, товарен воз излезе од шините, информира Регионалниот Центар за Управување со Кризи (ЦУК) Скопје, повикувајќи се на Македонски железници. Во несреќата нема повредени лица.

Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Сообраќајот помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“ е во прекин откако вчера, во 21:37 часот, товарен воз излезе од шините, информира Регионалниот Центар за Управување со Кризи (ЦУК) Скопје, повикувајќи се на Македонски железници. Во несреќата нема повредени лица.
- Екипи од Македонски железници се на терен и работат на решавање на ситуацијата, соопштуваат од ЦУК. ар/дма/
Фото: МИА архива