• петок, 22 ноември 2024

Тоалетната хартија ја отстранува непријатната миризба во фрижидерот

Тоалетната хартија ја отстранува непријатната миризба во фрижидерот

Лос Анџелес, 21 јули 2023 (МИА) - Тоалетната хартија, според познавачите, помага да се отстранат силните и непријатни мириси во фрижидерот - од риба, свежо месо и некои плодови. Влагата од кондензацијата (што се јавува кога фрижидерот не е доволно ладен), исто така, предизвикува непријатен мирис.

Постапката е едноставна - ролната хартија се зема неодмотана од новоотворено пакување и се става на една од полиците на фрижидерот. Така тоалетната хартија ги впива и течностите и миризбите. По една до две недели - ролната се фрла в ѓубре.

За отстранување на непријатните мириси може да послужи и сад со вода и лимон или шолја мелено кафе...

Секако, тоа не значи дека фрижидерот не треба темелно да се исчисти барем еднаш месечно. За тоа, најдобро е да се користи топла вода со малку оцет и средство за миење садови.  си/сд/

Фото: Пиксабеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан