• петок, 22 ноември 2024

„Титаник“ е омилениот филм на Британците

„Титаник“ е омилениот филм на Британците
Лондон, 29 април 2022 (МИА) - Филмот „Титаник“ е избран за омилен филм на сите времиња меѓу гледачите од Велика Британија, покажува најново истражување. Добитникот на 11 „Оскари“ од 1997 година, во режија на Џејмс Камерон, со Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет во главните улоги, го зазеде првото место откако една четвртина Британци го прогласија за најдобар и најгледан филм во анкета со 2.000 учесници. Следуваат „Гладијатор“ со Расел Кроу - на второто место, па „Говорот на кралот“, „Опатијата Даунтон", „Храбро срце“ и „Бен-Хур“. си/гт/

Остани поврзан