Москва, 12 јануари 2022 (МИА) - Руските власти соопштија дека бебето пронајдено во Сибир на минус 20 степени Целзиусови е во добра здравствена состојба.
Бебето, оставено во кутија за јајца, го пронашле петмина тинејџери, на улица во близина на селото Сосновка. Родителите на еден од тинејџерите веднаш го пренеле во болница каде било констатирано дека е во добра здравствена состојба.
Полицијата ја бара мајката на девојчето и отвори истрага за обид за убиство на малолетно лице, јави Би-Би-Си.
Родителите на тинејџерот, Ана и Дмитриј Литвинов, сакаат да го посвојат бебето, но мора да почекаат да видат дали полицијата ќе ги најде нејзините роднини. паг/
Mia.mk користи колачиња Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство со прелистување, да опслужуваме персонализирани реклами или содржини и да го анализираме нашиот сообраќај. Со кликнување на „Прифати“, се согласувате со нашата употреба на колачиња.