• недела, 22 декември 2024

ТикТок пред американски федерален суд ги оспорува тврдењата на САД за врски со кинеската Влада

ТикТок пред американски федерален суд ги оспорува тврдењата на САД за врски со кинеската Влада

Вашингтон, 16 август 2024 (МИА) - Платформата TikTok ги оспори пред американски федерален суд тврдењата на Министерството за правда на САД дека оваа социјална мрежа има врски со кинеската Влада, барајќи од судот да го укине законот со кој се бара сопственикот на ТикТок, Кинеската компанија „Бајт Денс“ (Byte-Dance), да ги продаде средствата на платформата во САД или ќе се соочи со забрана.

Тик Ток вчера соопшти дека американското Министерство за правда погрешно тврди дека апликацијата претставува закана за националната безбедност на САД бидејќи може да и дозволи на кинеската Влада да собира податоци за Американците и тајно да манипулира со содржината на социјалните мрежи, пренесуваат британските медиуми.

Според законот, потпишан од американскиот претседател Џо Бајден на 24 април, Бајт Денс има рок до 19 јануари да го продаде ТикТок или ќе се соочи со забрана.

Белата куќа соопшти дека сака ТикТок повеќе да не биде во сопственост на компанија со седиште во Кина поради американска национална безбедност и не сака да ја забрани платформата.

Апелацискиот суд на 16 септември ќе одржи усна расправа за случајот ТикТок.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во јуни изјави дека никогаш нема да поддржи забрана за ТикТок.

Американската потпретседателка и демократска претседателска кандидатка, Камала Харис, во јуни и се придружи на платформата ТикТок, како дел од предизборната кампања. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан