Тиквеш - Работнички одиграа без голови
- Денешниот дуел од Првата фудбалска лига одигран во Кавадарци меѓу Тиквеш и Работнички заврши без голови - 0:0
Кавадарци, 10.август 2025 (МИА) - Денешниот дуел од Првата фудбалска лига одигран во Кавадарци меѓу Тиквеш и Работнички заврши без голови - 0:0. Голманите на двата тима беа на висина на задачата и успеаја да ги одбранат своите мрежи.
На другите одиграни натпревар од стартното коло беа постогнати следниве резултати:
Шкендија - Шкупи 5:1
Вардар - Пелситер 4:1
Струга ТЛ - Македонија ЃП 2:0
Башкими - Арсими 1:1
Првото коло ќе биде комплетирано со утрешниот натпревар меѓу Силекс и АП Брера што се игра во Кратово и почнува во 17:30 часот. мн/
Фото: МИА