• четврток, 09 јануари 2025

Тешко повреден 71-годишен пешак на крстосница во Велес 

Тешко повреден 71-годишен пешак на крстосница во Велес 

Велес, 9 јануари 2025 (МИА) - Во СВР Велес синоќа во 20.00 часот било пријавено дека на крстосницата од улиците „Алексо Демниевски“,„Вардарска“ и „Наум Наумовски“ во Велес, патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Н.Б. од Велес, удрило во пешакот С.П. (71) од Велес.

Како што информираат денеска од СВР Велес, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес. ад/мд/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан