• четврток, 16 мај 2024

Тешко повреден работник во Стопански Двор

Тешко повреден работник во Стопански Двор
Скопје, 11 април 2021 (МИА) - Со тешки телесни повреди вчера се здобил 63-годишниот С.Д. од скопско Инџиково при вршење градежни работи на објект. Како што соопшти МВР, случајот вчера бил пријавен од Итна медицинска помош во Полициска станица Ѓорче Петров. Несреќата се случила во близина на фирма во скопската населба Стопански Двор. Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а известен е и Трудов инспектор. мд/мч/

Остани поврзан