• среда, 10 јули 2024

Тешко повредена 69-годишна жена откако паднала во автобус на ЈСП

Тешко повредена 69-годишна жена откако паднала во автобус на ЈСП

Скопје, 6 мај 2023 (МИА) - При симнување од градски автобус, 69-годишна жена од Скопје била фатена од вратата по што паднала и се здобила со тешки телесни повреди.

-Во СВР Скопје вчера во 10:20 било пријавено дека на булевар „Партизански Одреди“, Т. А. (69) од Скопје, при симнување од градски автобус била фатена од вратата по што паднала. Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје. мс/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан