Техничка пауза во преговорите меѓу Русија и Украина, ќе продолжат утре
- Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина е прекината за денеска и ќе продолжи утре, изјави еден од украинските преговарачи Михаил Подољак.

Киев, 14 март 2022 (МИА) - Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина е прекината за денеска и ќе продолжи утре, изјави еден од украинските преговарачи Михаил Подољак.
„Направена е техничка пауза во преговорите до утре. За дополнителна работа во работни подгрупи и појаснување на поединечни дефиниции. Преговорите продолжуваат“, напиша Подољак на Твитер.
Денеска започна четвртиот круг преговори меѓу Русија и Украина, а Подољак претходно изјави дека се водат тешки разговори. аа/