• сабота, 21 декември 2024

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње
Тетово, 27 јуни 2022 (МИА) - Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово се претстави на деветиот Меѓународен фолклорен фестивал „Вечери покрај Требишница“ во Требиње, Република Српска во Босна и Херцеговина изминатиот викенд. На фестивалот, во организација на Ансамблот за национални игри „Јован Дучиќ“ од истоимениот град, учествуваа ветерани на фолклорот, изведувачки ансамбли, пеачки групи и солисти. - На импровизираната сцена во центарот на градот, под старите јавори, на трите фелстивалски вечери, според зборовите на организаторот, настапија над 1.000 учесници од Србија, Република Српска, Црна Гора, а како единствени претставници од Република Северна Македонија настапија членовите на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово. Фестивалот има ревијален и натпреварувачки карактер. Играорките, оркестарот и вокалниот солист Јована Богдановска пред многубројната публика настапи во ревијалниот дел и се претстави со кореорафија на познатата македонска песна „Билјана платно белеше“, информираше Соња Андонов, претседателка на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово Трите вечери започнувале со дефиле на фолклорните групи низ улиците на Требиње. -Беа топло поздравувани од случајн ите минувачи. Дефилето  завршуваше до местото на одржување на фестивалот со заедничко оро на сите изведувачи. Ова заеднчко оро претствува убаво доживување како за учесниците така и за гледачите бидејќи тоа оро го сочинуваат играорци во носии од различни краеви сплотени во едно срце кое поседува  голема љубов кон играта и песната. За време на одрржувањето на фестивалот претставниците на друштвата имаа прием кај градоначалникот на општината Требиње, кој поздравувајќи ги присутните истакна дека културата треба да биде на прво мести и дека Требиње е град со отворено срце и сите добронамерни луѓе се добродојдени во градот, информираше Андонов. Учеството на фестивалот претставува проект од национален интерес во културата за 2022 година поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија. ас/цр  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан