• понеделник, 23 декември 2024

„Тетово сака парк“ бара Општината да одговори зошто се исекоа дрвја во зелениот појас

„Тетово сака парк“ бара Општината да одговори зошто се исекоа дрвја во зелениот појас
Тетово, 27 септември 2022 (МИА) - Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ бара одговори од Општина Тетово откако вчера се исекоа неколку дрвја во комплексот „Стара Пожарна“. Иницијативата вели дека бара од општината да каже зошто се уништува и тоа малку преостаното зеленило во градот. -Општина Тетово добро, нѐ убедивте дека сте можеле да го уништите и тоа малку преостанато зеленило во градот. Па, од името на граѓаните, Ве прашуваме:  Дали местото кое до сабајлево беше со зеленило и дрвја е приватна сопственост?  Дали станарите Ви дале согласност за сечата? Дали и овие дрвја беа стари и болни? Која е целта со сечата? Уште колку дрвја останаа за сечење во градот?  До кога аматери и кусогледи луѓе ќе ги кројат општинските политики? Кога ќе го исечете и последното старо дрво во градот и кога ќе ги бетонирате последните тревници, како тогаш ќе обезбедувате нови паркинг места. Дали дури тогаш ќе сфатите дека упропастување на тие малку зелени површини во градот за да се обезбеди некое паркинг место плус, не е, и не може да биде решение за сообраќајниот метеж, наведуваат во соопштението од „Тетово сака парк“. ас/мч/

Остани поврзан