• понеделник, 25 ноември 2024

„Тесла“ заработила 4,4 милијарди долари од 2018 до 2022 година, а не плаќале федерални даноци

„Тесла“ заработила 4,4 милијарди долари од 2018 до 2022 година, а не плаќале федерални даноци

Вашингтон, 14 март 2024 (МИА) - Ново истражување во САД посочува дека 35 од најголемите американски компании им донеле на своите одбори на директори повеќе отколку што плаќале за федералните даноци на доход во периодот од 2018 до 2022 година.

Како што пренесува „Јаху“, според наодите, најлошиот престапник е - „Тесла“. Имено, компанијата на Илон Маск во овие пет години заработила 4,4 милијарди долари, а на своите директори им донела 2,5 милијарди долари. И покрај сѐ тоа, фирмата не само што не плаќала федерален данок, туку добила милион долари поврат од властите. Анализата е на Институтот за политички студии во САД и здружението „Американци за даночна правичност“.

Самиот Маск е вториот најбогат човек во светот. Според „Форбс“, тој има нето-богатство од 207,9 милијарди долари на почетокот на март оваа година.

„Тесла“ е една од 35-те компании. Севкупно гледано, директорите заработиле 9,5 милијарди долари во текот на наведените пет години. Вкупно, истите тие компании (сите освен една) добиле 1,8 милијарди долари поврат од американската Влада. 

Точно 18 од овие бизниси пријавиле нето-добивка во текот на петте години, но не платиле ниту цент од федералниот данок на доход. 

Наводите говорат и за други значајни компании, како „Ти-мобајл“, „Нетфликс“, „Форд мотор“, „Меч груп“. Така, на пр., „Ти-мобајл“ заработил 17,9 милијарди долари, а директорите зеле 675 милиони долари и 80 милиони долари поврат на средства. Мобилниот провајдер потрошил доста пари и на лобирање во Конгресот за даночни олеснувања - девет милиони долари само во 2022 година. 

„Нетфликс“ платил дел од даноците, се наведува, но 236 милиони долари се само 1,6 отсто од заработката од 15,1 милијарда долари за тие пет години - и нешто повеќе од третина од она што го добил тамошниот одбор директори. Инаку, законската стапка за федералниот данок на доход е 21 отсто.  си/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан