• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тер Штеген: Нојер засекогаш е светски шампион и легенда на германскиот фудбал

Тер Штеген: Нојер засекогаш е светски шампион и легенда на германскиот фудбал

Барселона, 22 август 2024 (МИА) - Голманот на Барселона и Германија, Марк-Андре тер Штеген ја коментираше одлуката на неговиот колега од Баерн, Мануел Нојер да се повлече од националниот тим.

- Честитки за успешната кариера во германската репрезентација. Ти си засекогаш светски шампион и легенда на германскиот фудбал! – напиша Тер Штеген на социјалните мрежи.

Нојер го држи рекордот на германската репрезентација за најмногу настапи меѓу голманите (124). 

Триесет и осумгодишниот голман е сопственик и на рекордот по бројот на „чисти мрежи“ во дресот на Баерн (51). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан