Тер Штеген надвор од терените осум месеци
- Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген тешко се повреди на вчерашниот натпревар со Виљареал (5:1) во 6. коло од Ла Лига.

Барселона, 23 септември 2024 (МИА) - Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген тешко се повреди на вчерашниот натпревар со Виљареал (5:1) во 6. коло од Ла Лига.
Според „RAC1“, на Германецот му била дијагностицирана пукната тетива на пателата на десното колено. Забележано е дека периодот на закрепнување на голманот ќе биде околу осум месеци.
Барселона се уште не ја коментира природата на повредата и времето на закрепнување на голманот. зс/
Фото: ЕПА