• сабота, 24 август 2024

Тен Хаг: Не можам секогаш да објаснувам зошто некој играч е надвор од тимот

Тен Хаг: Не можам секогаш да објаснувам зошто некој играч е надвор од тимот

Манчестер, 24 август 2024 (МИА) - Ерик тен Хаг зборуваше за играчите кои остануваат надвор од тимот на Манчестер јунајтед.

Да потсетиме, крилниот напаѓач Џејдон Санчо остана надвор од составот на Манчестер јунајтед за натпреварот од 1. коло од Премиер лигата со Фулам (1:0).

- Не можам секогаш да објаснувам зошто овој или оној играч остана надвор од составот. Но, се разбира, ако некој играч има прашања и не разбира, јас сум секогаш отворен за разговор. Има многу фудбалери и секако некој треба да биде резерва, изјави тренерот на Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ попладнево (13:30 часот) играат со Брајотн на гостински терен во 2. коло од англиската Премиер лига. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан