Температурата на Охридско Езеро 26 степени, а на Преспанско 25,5
- Температурите на трите природни езера во земјава и натаму се над просекот за јули. Во Дојранското утрово се измерени 29,7 степени, во Преспанското 25,5, а во Охридското Езеро 26 степени целзиусови.

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Температурите на трите природни езера во земјава и натаму се над просекот за јули. Во Дојранското утрово се измерени 29,7 степени, во Преспанското 25,5, а во Охридското Езеро 26 степени целзиусови.
Во однос на водостоите, според хидролошките мерења на УХМР, Преспанското и Охридското Езеро денеска се за еден сантиметар пониски од вчера, а кај Дојранското нема промени.
Водостоите на реките не бележат големи промени во однос на вчерашниот ден. мч/дма/
фото: МИА архива