• недела, 22 декември 2024

Телефонски разговор на Резников со Остин: Очекувајте добри вести

Телефонски разговор на Резников со Остин: Очекувајте добри вести

Киев, 7 јули 2023 (МИА) - Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников оствари телефонски разговор со американскиот министер за одбрана Лојд Остин, објави украинската новинска агенција Укринформ.

Агенцијата пренесува дека Резников и Остин разговарале за контраофанзивата на украинските вооружени сили, како и за подготовка на нова средба во формат „Рамштајн“.

„Имав продуктивен телефонски разговор со американскиот министер за одбрана Лојд Остин“, напиша Резников на Твитер.

„Ги синхронизиравме нашите активности пред следниот состанок во формат 'Рамштајн', кој ќе се одржи набргу по состанокот на НАТО во Вилнус“, додаде украинскиот министер.

Резников, исто така, објави дека тој и Остин разговарале за нови проекти поврзани со испорака на разни видови муниција за Украина.

„Очекувајте добри вести“, изјави Олексиј Резников.

Пентагон вчера изрази подготвеност да и обезбеди на Украина касетна муниција. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан