• петок, 22 ноември 2024

Телеграф го објави првиот дел од рангирањето на најдобрите играчи оваа сезона во Премиер лигата

Телеграф го објави првиот дел од рангирањето на најдобрите играчи оваа сезона во Премиер лигата
Лондон, 17 март 2020 (МИА) - Англиското издание на „Телеграф“ денеска го објави првиот дел од рангирањето на најдобрите играчи во Премиер Лигата до прекинот на сезоната поради коронавирус. Рангирањето е направено користејќи статистисчки индикатори на „Opta Sports“ и самиот „The Telegraph“, како што се „игра во напад“, „игра во пас“, „игра во одбрана“ и така натаму. Пласманот од 50-то до 31-то место изгледа вака: 50. Алан Сен-Максимин (Њукасл); 49. Роберт Снодграс (Вест Хем) 48. Абдулај Дучур (Вотфорд) 47. Мејсон Монт (Челзи) 46. ​​Вилијан (Челзи) 45. Нил Мопе (Брајтон) 44. Двајт Мекнил (Барнли) 43. Емилијано Буендија (Норвич) 42. Трој Дини (Вотфорд) 41. Ентони Марсијал (Манчестер јунајтед) 40. Матео Ковачиќ (Челзи) 39. Хари Кејн (Тотенхем) 38. Габриел Жезус (Манчестер сити) 37. Чаглар Сејунджу (Лестер) 36. Тами Абрахам (Челзи) 35. Луис Данк (Брајтон) 34. Рикардо Переира (Лестер) 33. Јури Тилеманс (Лестер) 32. Џон Флек (Шефилд јунајтед) 31. Раул Хименез (Вулвс). зс/

Остани поврзан