Телеграм соопшти дека Дуров нема што да крие
- Апликацијата Телеграм е во согласност со европските закони, вклучително и Регулативата за дигитални услуги, нејзиното модерирање е индустриски стандард, соопшти компанијата со седиште во Дубаи.
Дубаи, 26 август 2024 (МИА) – Компанијата Телеграм синоќа соопшти дека нејзиниот основач и извршен директор Павел Дуров, кој беше уапсен во Париз, „нема што да крие“.
- Апликацијата Телеграм е во согласност со европските закони, вклучително и Регулативата за дигитални услуги, нејзиното модерирање е индустриски стандард, соопшти компанијата со седиште во Дубаи.
- Дуров нема што да крие и често патува во Европа. Апсурдно е да се каже дека социјалната платформа или нејзиниот основач е одговорен за какви било злоупотреби, додава Телеграм.
Дуров, кој има двојно државјанство, беше приведен на аеродромот во Париз Ле Бурже во саботата под обвинение дека не презел акција за спречување на криминалната употреба на неговата платформа. јт/