• недела, 22 декември 2024

Тедрос: Долгорочните последици од Ковид-19 сè уште не се познати

Тедрос: Долгорочните последици од Ковид-19 сè уште не се познати
Женева, 15 септември 2020 (МИА) - Потенцијалните долгорочни последици од Ковид-19 сè уште не се познати, особено кога станува збор за деца кои се опоравиле од болеста, изјави директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, за време на брифингот одржан во Женева. - Знаеме дека децата и адолесцентите можат да бидат заразени и да заразуваат други. Знаеме дека овој вирус може да убие деца, но дека децата обично имаат поблага форма на инфекција и дека има многу малку сериозни случаи и смртни случаи од Ковид-19 кај деца и адолесценти. - рече Тедрос. - Податоците со кои располагаме покажуваат дека помалку од десет проценти од регистрираните случаи и помалку од 0,2 проценти од смртните случаи се евидентирани кај лица помлади од 20 години, појасни тој. Директорот на СЗО рече дека се потребни повеќе истражувања за факторите што го зголемуваат ризикот од развој на сериозни форми на Ковид-19 и смрт од последиците на болеста кај децата и адолесцентите. Тој посочи дека потенцијалните долгорочни последици по здравјето на оние кои биле заразени со вирусот корона сè уште не се познати. - Иако децата обично не страдаат од сериозни форми на Ковид-19, тие страдаат на поинаков начин, рече Тедрос. Во многу земји, работата на некои служби, како што се објекти за вакцинација, беше нарушена за време на пандемијата, додека милиони деца ширум светот не посетуваа училиште со месеци, објасни директорот на СЗО. - Поради катастрофалните последици врз децата, младите и општеството како целина, одлуката за затворање на училиштата треба да биде последната опција, рече Тедрос. Доколку властите донесат таква одлука, таа треба да биде привремена и да се воведе на локално ниво, во оние области каде што се заразени голем број луѓе, посочи тој. Безбедноста на децата во училиштата не е само задача на училиштата, владите или семејствата, таа е задача на сите нас, подвлече шефот на Светската здравствена организација. ссм/

Остани поврзан