• понеделник, 12 август 2024

Творештвото низ игра на Весела Богдановиќ вечерва на „Велешко лето 2024“

Творештвото низ игра на Весела Богдановиќ вечерва на  „Велешко лето 2024“

Велес,12 август 2024 (МИА) - Во рамки на „Велешко лето 2024“ вечерва во 18 часот во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ пред љубители на пишаниот збор ќе биде претставено Творештвото низ игра на Весела Богдановиќ. 

Синоќа велешанецот Александар Прија со својот бенд одржа концерт во паркот „Велес“ кај Офицерскиот дом,  со кој  ја збогати програмата на овогодинешното „Велешко лето“.

Како што најавуваат од Општина Велес, во среда вечер во 21 часот на Спомен костурницата од НОВ ќе одржи концерт на Петар Марков квартет. Во петок на 18 часот во паркот „Каршијака“ ќе се одржи „Велешка поетска вечер“ на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. Последниот настан за оваа седмица е закажан за во недела (18 август) во 21 часот кај споменикот на Рацин кај Гимназијата „Кочо Рацин“ каде концерт ќе одржи велешката група „Д Чикс“.

Влезот за сите настани на „Велешко лето 2024“ е слободен и можат да дојдат и да ги проследат сите заинтересирани граѓани, покануваат од Општина Велес. ад/

Фото: МИА 

Остани поврзан