• понеделник, 23 декември 2024

Таџ Махал по шест месеци повторно отворен за посетители

Таџ Махал по шест месеци повторно отворен за посетители
Агра, 21 септември 2020 (МИА) - Едно од најпознатите светски зданија, Таџ Махал по шест месеци е повторно отворено за посетители. Ова беше најдолг период во кој некогаш храмот бил затворен, а во Индија сè уште расте бројот на заразени со коронавирусот. Мавзолејот во градот Агра беше затворен во март, по воведените мерки против Ковид-19. Правилата велат дека сега ќе може да прими само 5.000 посетители на ден, со строги епидемиолошки мерки. Во вообичаен ден, мермерниот мавзолеј од 17. век, го посетуваат и до 70.000 луѓе. Сега целиот објект е редовно дезинфициран, а на посетителите ќе им се мери температурата на влезот. Билетите се плаќаат со картички. Групно фотографирање е забрането поради наложеното физичко растојание. Последен пат Таџ Махал беше привремено затворен во 1978 година, при поплавите во Агра. Претходно храмот беше затворен на неколку дена во 1971 година, за време на војната меѓу Индија и Пакистан. си/сд/

Остани поврзан