• петок, 22 ноември 2024

Таравари: „Вреди“ ќе биде забрзувач за што поскоро да почнеме со преговорите со ЕУ

Таравари: „Вреди“ ќе биде забрзувач за што поскоро да почнеме со преговорите со ЕУ

Тетово, 2 октомври 2024 (МИА) - Арбен Таравари министер за здравство и претседател на Алијанса за Албанци, при денешната посета на Клиничката болница во Тетово изрази надеж дека за шест месеци може да почнат преговорите со ЕУ. Рече дека надежта ја темели поради таквиот заеднички став во Владата.

- „Вреди“ повторно инсистира дека Македонија мора да ги започне преговорите, Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ. Кажавме рок од шест месеци, дека „Вреди“ ќе направи се да започнат преговорите. Добро е што Албанија започна, меѓутоа лошо е што ние се разделивме. Од друга страна треба и да разбереме дека и од бугарска страна нема Влада, очекуваме избори таму да има. Јас се надевам дека ние ќе изнајдеме решение и „Вреди“ ќе биде акцелератор и тригер за да што поскоро Македонија почне со преговорите со ЕУ. Јас колку што знам и премиерот е за започнување што побргу, и тој е за ЕУ како и сите што сме во Владата, изјави Таравари.

Како министер за здравство во Тетово рече дека дошол да ги посочи инвестициите во првите сто дена од владата. Монтирани се пет нови лифта – три на одделот за хирургија и два на одделот за интерна медицина, конструкција и санација на кровната конструкција на интернистичкиот блок, се во вредност од 20 милиони денари.

- Лифтовите се ставени во употреба, покривот на интернистичкиот дел е готов. Имаше комбинирана инвестција во амбулантите на хируршки клиники, на Клиничка болница и Компанијата Еколог. Инвестиција од Еколог за амбуланти на интерно. Тетово станува еден од приоритетите бидејќи децентрализацијата регионализацијата ни е многу битна, рече Таравари.

За идната година најави нова апаратура, инвестиции на одделот за педијатрија, електронска архива како и нова зграда. ас/аа/

Фото: Министерство за здравство 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан