• недела, 22 декември 2024

Талибанците воведоа нова забрана: Жените не смеат да зборуваат надвор од дома

Талибанците воведоа нова забрана: Жените не смеат да зборуваат надвор од дома

Кабул, 9 септември 2024 (МИА) - Во Авганистан, талибанските власти воведоа уште една строга забрана за жените – отсега тие нема да можат да зборуваат надвор од нивните домови, според новиот манифест на талибанската влада, кој содржи 114 страници и ги детализира ограничувањата за женските права.

Жените досега не смееја да се образуваат по шесто одделение, да работат на поголемиот број работни места и немаат пристап до јавни простори како паркови, теретани и салони. Исто така, им е забрането патување без придружба на машки роднина и мора да бидат целосно покриени при излегување од дома.

Со новата забрана за зборување надвор, жените нема да можат да прават основни работи како купување или користење такси без машки придружник.

Талибанските закони за моралот се спроведуваат од т.н. полиција за порок и доблест, чија задача е да обезбедат почитување на овие прописи. ссм/

фото: архива

Остани поврзан