• четврток, 21 ноември 2024

Талески: Парламентарното мнозинство е стабилно, ќе бидат донесени сите заглавени закони

Талески: Парламентарното мнозинство е стабилно, ќе бидат донесени сите заглавени закони

Скопје, 27 јули 2022 (МИА) - Парламентарното мнозинство е стабилно, кворум има и ќе бидат донесени сите оние закони, што во овој временски период не беа донесени, истакна пратеник на СДСМ, Миле Талески на денешната конференција во Собранието.

Тој потенцира дека на денешните седници ќе се изгласаат сите оние закони којшто не биле усвоени во изминатиот временски период.

- Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да се свести во една ваква ситуација да излезе надвор од теснопартиските интереси за заштита на криминалот во нивната партија и да биде тука во Собранието да се носат одлуки исклучително во интерес на граѓаните и ништо друго, изјавиТалески.

Посочувајќи го примерот со донесувањето на Законот за служба на Армијата, тој обвини дека постапките на ВМРО-ДПМНЕ „се лицемерини“ .

- Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ конкретно морам да го пренесам со оглед на тоа дека сум претседател на Комисијата за одбрана и безбедност во делот на Законот за служба во Армијата. Затоа што на последната седница кога требаше законот да биде изгласан во Собранието имаше 58 пратеници, а цела пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ беше надвор, за после два дена душегрижнички колегата Ковачки да излезе да критикува зошто не бил донесен законот. Тој истиот Ковачки поради кого не беше донесен Законот за служба во армијата пред една година, рече Талевски. 

Тој појасни дека пред една година истиот тој Закон бил ставен во процедура и една година биле спречени припадниците на Армијата да ги користат сите оние бенефити којшто се однесуваале и биле вклучени во делот на Законот за служба во армијата. - Зошто?! Затоа што ВМРО-ДПМНЕ тогаш во тој момент немаше ниту активен бојкот, немаше ниту никаква најава за некаков бојкот, туку ВМРО-ДПМНЕ во континуитет е во бојкот во Собранието и поднесоа 2000 амандмани пред една година, кога Ковачки не беше пратеник за да го заштитат него во делот на Законот каде што беше предвидено дека припадници на Армијата не смееат да бидат носители на високи партиски функции во политичките партии. Ете таа е вистината во делот на тоа како ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат, подвлече Талески. свс/сп/

Остани поврзан