• сабота, 18 мај 2024

Таипи: Конкретна програма за подобрување на животот на граѓаните на Теарце

Таипи: Конкретна програма за подобрување на животот на граѓаните на Теарце
Скопје, 2 октомври 2021 (МИА) - Ќе победиме затоа што ги имаме проектите, имаме одлучност, имаме знаење и ја имаме чесноста.  Ќе дискутираме за проблемите на општината, за барањата на населението, бидејќи лошото владеење веќе 16 години само ги влоши, изјави вечерва кандидатот за градоначаланик на општина Теарце од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива Назим Таипи. Тој подвлече дека во 2021 година општина Теарце нема управување со отпад. Според него, на 17 октомври со Алијансата за Албанците и  Алтернативата ќе победат луѓето кои ја сакаат работата и знаат да  работат. -Подготвивме програма со конкретни проекти. Не зборуваме  теоретски, имаме вистински решенија за проблемите. Ние не ветуваме, ние планираме и работиме, рече Таипи. На митингот во Теарце вечерва се обратија и претседателот на Алтернативата Африм Гаши и лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села. -Ова е битка помеѓу промената, а со тоа и демократијата и слободата, битка помеѓу одговорностите и запирање на миграција и битка меѓу оние кои сакаат да го зачуваат статус квото, изјави Села. мд/сст/  

Остани поврзан