Картаполов: Генералот Суровикин е на одмор и во моментов не е достапен
- Картаполов, шеф на Комитетот за одбрана на Државната дума изјави дека генералот Суровикин „засега не е достапен“.
Москва, 12 јули 2023 (МИА) – Заменик командантот на руските сили во Украина, генералот Сергеј Суровикин, кој не е виден во јавноста од пропаднатиот бунт на групата „Вагнер“од 24 јуни „во моментов е на одмор“, изјави пратеникот на руската владејачка партија „Единствена Русија“, Андреј Картаполов, пренесе Скај Њуз.
Картаполов, шеф на Комитетот за одбрана на Државната дума изјави дека генералот Суровикин „засега не е достапен“.
Во видео објавено на социјалните мрежи, Картаполов изјавува дека „Суровикин во моментов одмора. Тој засега не е достапен“.
По бунтот во медиумите се пишуваше дека Суровикин бил во добри односи со групата „Вагнер“ и со Пригожин, кој го пофали генералот додека редовно ја критикуваше воената елита на Кремљ - министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валери Герасимов.
Во извештај на весникот „Њујорк тајмс“, што се темелеше на брифинг на американските разузнавачки служби од минатиот месец, се наведува дека Суровикин однапред знаел за бунтот и дека руските власти проверуваат дали и тој е соучесник.
Некои руски и меѓународни медиуми минатиот месец објавија дека командантот е уапсен, но официјална потврда за тоа нема. Кремљ одби да одговори на прашања за него. сд/
фото: архива