• среда, 15 мај 2024

Супер лигата доби согласност за учество од 20 клубови

Супер лигата доби согласност за учество од 20 клубови

Мадрид, 23 јануари 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Супер лигата Анас Лаграри зборуваше за преговорите со клубовите околу учеството на турнирот.

- Не сакам сега да кажувам имиња. Разговаравме со околу 50 различни клубови. Околу 20 од нив се многу, многу мотивирани од проектот. Веќе имаме доволно клубови за да го започнеме натпреварувањето, изјави Лаграри за „90min“.

На 21 декември, Европскиот суд ги прогласи за незаконски постапките на ФИФА и УЕФА да го блокираат создавањето на Супер лигата.

Во април 2021 година, 12 клубови најавија создавање на турнирот, но многу od niv подоцна ја напуштија идејата. По заканата со санкции од УЕФА, проектот беше суспендиран. Во мај 2021 година, Супер лигата ги обвини УЕФА и ФИФА за кршење на законот за натпреварување. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан