• понеделник, 23 декември 2024

Сунак и официјално нов британски премиер: Ќе се носат тешки одлуки

Сунак и официјално нов британски премиер: Ќе се носат тешки одлуки
Лондон, 25 октомври 2022 (МИА) - Риши Сунак денеска и официјално стана нов британски премиер, откако кралот Чарлс Трети го именуваше на должноста по прифаќањето на оставката на Лиз Трас, која на функцијата беше само 49 дена. На средбата во Бакингемската палата, Чарлс го повика новиот лидер на конзервативците да формира влада. Сунак со своите 42 години е првиот хинду премиер на Велика Британија, првиот со азиско потекло и најмладиот во повеќе од 200 години. Тој е третиот британски премиер за помалку од два месеца. Трас си замина од функцијата како премиерка со најкраток мандат во историјата. -На врвот на владината агенда ќе ги ставам економската стабилност и довербата, но тоа ќе значи и дека ќе се носат тешки одлуки, рече Сунак, во својот прв настап како премиер, пред неговиот кабинет на Даунинг стрит 10 во Лондон, пренесе Би-би-си. Тој притоа им се заблагодари и на поранешните премиери Лиз Трас и Борис Џонсон и за неговата претходничка кажа дека и се восхитува на нејзината желба да ги олесни промените, но и додаде дека „беа направени некои грешки“. -Таа не погреши од лоши намери, туку напротив. Но, таа сепак правеше грешки, изјави Сунак.  бд/сд/

Остани поврзан