• понеделник, 25 ноември 2024

Суд во Берлин: На 4 мај почнува судскиот процес на Герхард Шредер против Бундестагот

Суд во Берлин: На 4 мај почнува судскиот процес на Герхард Шредер против Бундестагот

Берлин, 25 април 2023 (МИА) - Судот во Берлин во мај ќе го одржи сослушувањето за случајот што го покрена поранешниот германски канцелар Герхард Шредер против долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, со барање да му се вратат специјалните права, јави ДПА.

Управниот суд во Берлин соопшти дека сослушувањето по тужбата на Шредер е закажано за 4 мај.

Поранешниот германски лидер, кој беше на власт од 1998 до 2005 година, беше многу критикуван за неговата вмешаност со руските енергетски компании и неговата блискост со рускиот претседател Владимир Путин по минатогодишната инвазија на Украина. На пример, Шредер со години беше во управниот одбор на рускиот енергетски гигант Роснефт.

Во мај минатата година, Бундестагот му одзеде на Шредер дел од специјалните привилегии што му беа дадени како поранешен лидер. Комисијата за буџет на германскиот парламент одлучи, меѓу другото, да ја затвори неговата канцеларија. Шредер бара да му бидат вратени канцеларијата и соработниците. Тужбата е поднесена во Управниот суд во Берлин. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан