• вторник, 16 јули 2024

Судот на ЕУ може да ја суспендира Анкара од СЕ поради случајот Кавала

Судот на ЕУ може да ја суспендира Анкара од СЕ поради случајот Кавала
Истанбул, 11 јули 2022 (МИА) – Европскиот суд за човекови права денеска соопшти дека Турција не ја спровела пресудата, со што се бара ослободување од затвор на Осман Кавала, со предупредување дека турските власти продолжуваат да одат во насока што може да доведе до суспензија на Анкара од Советот на Европа. Комитетот на Советот на Европа, што го надгледува спроведувањето одлуки на Европскиот суд за човекови права, во февруари случајот Кавала му го врати на судот. Кавала е обвинет за обид за соборување на владата и во април е осуден на доживотен затвор, без можност за условно отпуштање. Големиот совет на Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека Турција ја прекршила Европската конвенција за човекови права, со тоа што не го ослободила Кавала, согласно претходна правосилна пресуда. Судот на ЕУ соопшти дека новото обвинение против Кавала, подигнато по пресудата на Европскиот суд за човекови права од декември 2020 година, не содржи никакви важни нови факти, како и дека „истражните органи уште еднаш се повикаа на бројни дејствија, што не биле спротивни на законот“. бд/ми/

Остани поврзан