• петок, 05 јули 2024

Судир на два мотоцикли кај кавадаречко Фариш

Судир на два мотоцикли кај кавадаречко Фариш
Кавадарци, 3 септември 2022 (МИА) - Два мотоцикли се судриле во сообраќајката кај кавадаречко Фариш, на патот Кавадарци-Плетвар. Како што информираше попладнево за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес, во полиција било пријавено дека е случена сообраќајна незгода помеѓу возач на мотоцикл „сузуки“ со бугарски регистарски ознаки управуван од 33-годишен скопјанец и возач на мотоцикл „БМВ“ со скопска регистрација, управуван од скопјанец на возраст од 47 години. -Досега нема пријава за повредени лица. Полициска екипа е упатена на лице место, рече Самарџиев. свд/аа/

Остани поврзан