• понеделник, 23 декември 2024

Судир меѓу полиција и антиваксери во Лондон

Судир меѓу полиција и антиваксери во Лондон
Лондон, 3 септември 2021 (МИА) - Четворица полицајци се повредени во судир со антиваксери во Лондон, од кои некои се обиделе насилно да упаднат во регулаторната агенција која одобрува вакцини и лекови. Таа беше првиот регулатор во светот што одобри вакцина против коронавирус во декември минатата година. Демонстрантите поминаа покрај полициски кордон поставен пред агенцијата со намера да упаднат во неа, но се откажаа. Тие се упатија кон центарот на Лондон и се собраа пред Музејот на науката, каде се случија судирите со полицијата. - Голем број демонстранти употребија насилство врз полицијата. Четворица наши припадници се повредени за време на судирите, соопшти лондонската полиција, додавајќи дека "тоа е неприфатливо“. гт/

Остани поврзан