• сабота, 21 декември 2024

Судири меѓу индиската армија и локалното население во Кашмир

Судири меѓу индиската армија и локалното население во Кашмир
Шринагар, 2 април 2021 (МИА) – Меѓу индиските сили и антииндиски настроените жители на селата во регионот Кашмир денеска избувнаа судири по вооружените борби во кои армијата уби тројца осомничени екстремисти, соопштија полицијата и локалното население. Вооружената борба избувна непосредно откако десетици полицајци и војници почнаа операција врз основа на извештаи за присуството на екстремисти во селото Какпора во областа Пулвама. Од тројца убиени екстремисти, двајца учествувале во вчерашното убиство на полицаец кој штитеше куќа на еден локален политичар од индиската владејачка партија. Локалните жители наведуваат дека армијата разнела куќа со експлозив, што е вообичаена тактика на индиските војници во Кашмир во борбата против екстремистите. Откако избија борби, стотици луѓе се собраа во близина да испратат порака за солидарност со бунтовниците, извикувајќи слогани со кои се повикува на прекин на индиското владеење во Кашмир. Хималајскиот регион Кашмир е поделен на терен на индиски и пакистански дел, но двете страни тврдат дека им припаѓа во целост. Од стекнувањето на независност од Велика Британија во 1947 година, Индија и Пакистан водеа три војни, од кои две за контрола над Кашмир. Бунтовниците се во војна со индиските сили од 1989 година. Жителите на претежно муслиманскиот Кашмир ја поддржуваат целта на бунтовниците да ја обединат територијата или под пакистанска власт или како независна држава. јт/

Остани поврзан