Судењето против Мухамед Зеќири одложено за 6 јуни
- Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ се одложи за 6 јуни, откако во Основниот кривичен суд денеска не дојде предвидениот сведок предложен од одбраната.
Скопје, 4 мај 2023 (МИА) - Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ се одложи за 6 јуни, откако во Основниот кривичен суд денеска не дојде предвидениот сведок предложен од одбраната.
Бранителот Александар Трајковски, кажа дека сведокот Горан Анастасиевиќ од здравствени причини е спречен да се јави на денешното рочиште, по што судот, поради неисполнети законски претпоставки за одржување на расправата, го одложи рочиштето.
Обвинителството го товари Зеќири дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.
Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ. ар/бак/
Фото: МИА