• понеделник, 23 декември 2024

Судењето за „Титаник“ продолжува на 20 мај

Судењето за „Титаник“ продолжува на 20 мај
Скопје, 17 мај 2021 (МИА) - Следното рочиште за случајот „Титаник“ е предвидено да продолжи на 20 мај. Дел од сведоците предложени од обвинителството при денешното сведочење истакнаа дека немаат никакви сознанија за финансирање на политичките партии и дека никогаш не уплатила средства за партијата. Судскиот процес за овој предмет е уште во фаза на доказна постапка. Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова. Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања. оџ/аа/

Тагови

Остани поврзан