• четврток, 21 ноември 2024

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово закажано за 6 септември

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово закажано за 6 септември

Тетово, 22 август 2022 (МИА) - На интернет-страницата на Основен суд Тетово во календарот на судења е поставена информација дека судењето за предметот К бр 450/22, односно за модуларната болница е закажано за 6 септември 2022 година во 10 часот кај судијата Јордан Велковски. Судењето е закажано откако на 16 август предметот за модуларната болница согласно Информацискиот систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС) беше распределен кај судија. По разгледување на обвинителниот предлог судијата сега го започнува судењето.

- Со предметот поврзан со модуларната болница во Тетово по поднесен обвинителен предлог од страна на ОЈО Тетово со бр. КО 531/22 со кој се обвинети Ф. Б. и А. Е. за кривично дело тешки дела против општата сигурност и Б. В. за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правно лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово за кривични дела предизвикување општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е распределен кај судија од Кривичниот оддел со предмет К бр. 450/22соопштија од Судот на 16 август.

Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 кога 14 лица ги загубија животите. По повеќемесечна истрага Основното јавно обвинителство Тетово на 27 јули 2022 до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице. ас/дма/

Остани поврзан