• сабота, 23 ноември 2024

Судан ќе го предаде ал Башир на Меѓународниот кривичен суд

Судан ќе го предаде ал Башир на Меѓународниот кривичен суд
Картум, 12 август 2021 (МИА) - Суданската министерка за надворешни работи Мариам ал Махди изјави дека Владата одлучила да ги предаде лицата барани од Меѓународниот кривичен суд, меѓу кои е и поранешниот претседател Омар ал Башир и уште двајца лидери. Тие се обвинети за геноцид  злосторства против човешптвото за време на конфликтот во Дарфур. Таа истакна дека соработката со Меѓународнито кривичен суд е значителна за да се добие правда за жртвите од војната во Дарфур. Одлуката за екстрадиција треба да го одобри Суверениот совет, највисоката владејачка инстанца во Судан, составена од цивили и војници. Судирот во Дарфур изби во 2003 година. Припадниците на етничките малцинства во западниот дел на Судан се побунија поради угнетувањето од страна на мнозинско арапската Влада во Картум. Владата на ал Башир одговори со бомбардирање и со упад на паравоени милиции, кои се обвинети за масовни убиства и силувања. Во конфликтот загинаа околу 300.000 луѓе, а речиси 2,5 милиони се раселени. Ал Башар (77) е соборен во април 2019 година, по 30 години поминати на власт. Со Судан раководи заедничка воено-цивилна влада откако народното востание доведе до пад на Ал Башар. Преодната влада вети демократски реформи. Суданските обвинители минатата година почнаа сопствена истрага за судирот во Дарфур. ми/

Остани поврзан