• недела, 22 декември 2024

Суарез: Биелса направи раздор во репрезентацијата

Суарез: Биелса направи раздор во репрезентацијата

Монтевидео, 5 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Уругвај, Луис Суарез го критикуваше селекторот Марсело Биелса.

- Имаше ситуации во Купот на Америка што ме повредија. Многу играчи на состанокот побараа од тренерот барем да им посака добро утро, но тој не се ни поздравуваше. Би сакал да ги замолам навивачите да не ги навредуваат фудбалерите ако нешто тргне наопаку, бидејќи Биелса направи раздор, го подели тимот дури и по начинот на кој тие тренираат, изјави Суарез за „ESPN“.

Суарез на 3 септември објави крај на репрезентативната кариера. Како дел од репрезентацијата на Уругвај напаѓачот одигра 143 натпревари, на кои постигна 69 гола. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан