• понеделник, 18 ноември 2024

Студиото на Јуниверзал во Кина ќе биде готово до 2021 година

Студиото на Јуниверзал во Кина ќе биде готово до 2021 година
Пекинг, 17 февруари 2020 (МИА) - Студиото на Јуниверзал во Пекинг се очекува да биде отворено за јавноста во мај 2021 година, како што и беше планирано, и покрај состојбата на коронавирусот која сè уште е актуелна. Ова денеска го изјави официјален претставник на општинската власт во кинеската престолнина. Студиото, што е всушност тематски парк, е петто од својот вид во светот. Изградбата треба да заврши до крајот на 2020 година. Од крајот на минатата година, Кина се соочува со епидемија на вирусот „Ковид-19“, која во светски рамки досега однесе 1.765 животи, а заразени се над 65.000 луѓе. си/

Остани поврзан