• петок, 05 декември 2025

Студентите во блокада во Белград бараат предвремени парламентарни избори

Студентите во блокада во Белград бараат предвремени парламентарни избори

Белград, 5 мај 2025 (МИА) - Студентите во блокада во Белград објавија дека бараат предвремени парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Белград.
„Бараме итно распуштање на Народното собрание и распишување вонредни парламентарни избори во согласност со член 109 од Уставот на Република Србија“, објавија тие на социјалната мрежа X.
Тие веруваат дека демократијата е единствениот правилен излез од кризата.

„Ги повикуваме луѓето да ја поддржат листата на која студентите во блокадата на сите високообразовни институции на територијата на Србија ќе ја пренесат својата доверба, за да победи вистината на вагата на правдата“, се наведува во објавата.

Тие, исто така, истакнаа дека корените на корупцијата во владата навлегле премногу длабоко во државните институции, на кои им е спречено независно да ги извршуваат своите должности. зш/

Остани поврзан