• среда, 27 ноември 2024

Струшкиот градоначалник и купувањето на „Соравија“ во фокусот на политичките случувања викендот

Струшкиот градоначалник и купувањето на „Соравија“ во фокусот на политичките случувања викендот

Скопје, 26 јуни 2023 (МИА) - Ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа на САД и купувањето на трговскиот центар „Соравија“ од страна на внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети викендот беа во фокусот на политичките случувања во земјава. Премиерот Димитар Ковачевски вчера не кажа дали разговарал со Ахмети за овие два случаи и упати одговорите да се бараат во Обвинителството. Опозицијата, пак, побара сите лица за кои постојат основaни сомневања за сторени криминални и корупциски дејствија, да бидат спроведени пред лицето на правдата. 

Ковачевски вчера во изјава за медиумите во Куманово прашан за овие два случаја рече дека Владата не е ниту Обвинителство, ниту суд. 

- Имав изјава во однос на градоначалникот на Струга и ги повикав сите надлежни институции во рамки на своите законски надлежности да делуваат за да го направат се она што е пропишано според закон. Владата не е ниту Обвинителство, ниту суд. Второ, ме прашувате за внуци на друг политичар, за внуците на тој политичар, ќе го прашате тој политичар.  Мене можете да ме прашате за моите внуци, рече Ковачевски.  

Изјава на премиерот Димитар Ковачевски по увидот во работите на делницата Крупиште – Кочани од новиот експресен пат Штип – Кочани.

Ставот на премиерот е дека наводите поради кои градоначалникот на Струга е ставен на црната листа на САД се сериозни и упати одговорите да се бараат во Обвинителството. 

-  На крај излезе дека веќе постоеле случаи во Обвинителството. Ќе отидете во Обвинителство ќе ги прашате. Обвинителството е независно, па во судовите. Таму се одговорите на прашања. Одговорите на прашањата не се во Владата, рече Ковачевски.

Обвинителството, пак, во четвртокот соопшти дека има шест активни предмети против струшкиот градоначалник. Оттаму посочија дека исклучително сериозно ги земаат предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на Мерко врз постапките

- Од тие причини, Обвинителството итно по секој предмет ќе ја испита законитоста и ажурноста во постапувањата и евентуалното вршење влијание во постапувањето по предметите. За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана, соопшти ЈО во четвртокот.

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против жител на Виница, за сторено продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска

Ден подоцна за случајот се изјасни и Антикорупциската комисија. Оттаму на прес-конференција информираа дека наоди за Мерко имале уште пред четири години и дека надлежните институции требало да постапат по нив. 

- Не требаат 8 000 километри за некој да дојде до наодите. Тие се најдени уште пред четири години. Не требало да се чека однадвор некој да ни кажува дека постојат наоди. Напротив, надлежните требале да постапат по нашите наоди, по наодите на Државниот завод за ревизија, зашто само на тој начин можеме да го зајакнуваме контролниот систем, системот на интегритет на институциите и довербата на граѓаните. Непочитувањето на работењето на независните институции не доведува до ова дереџе до кое што сме сега, изјави во четвртокот претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска во врска со предметот против Мерко и претседателот на Основниот суд - Струга отворен од страна на ДКСК кој веќе, како што рече, застарел.

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен премиер, Оливер Спасовски нема судир на интереси ниту пак финансиска поврзаност со отворање на бензинска пумпа и станица за технички прегле

За случајот со купувањето на „Соравија“ од страна на внукот на Ахмети, антикорупционерите, како што образложија на прес-конференцијата во петокот, не можат да постапат затоа што не станува збор за избрано и именувано лице. 

- Веќе четири години кажуваме дека е неопходен закон за потекло на имот согласно кој, секој граѓанин ќе се изјасни од каде му се средствата за стекнување на имотот. Законот почна да се подготвува, се оформи работна група со поддршка на Советот на Европа уште од претходниот Кабинет за борба против корупцијата, кога беше вицепремиер Љупчо Николовски, почна постапката за овој закон, стигна до некоја драфт верзија, која од минатата година до пред две недели е во Кабинетот на вицепремиерката Грковска. Пред две недели не викнаа на состанок за да видиме дека е променет насловот на законот и тој веќе не е закон за потекло на имот, туку е закон за конфискација без донесување судска пресуда, што по мене е нелогично, бидејќи, како би се вршела конфискација ако не се испита потеклото на имотот?, рече Ивановска.

Вчера, премиерот Ковачевски рече дека се работи на овој закон заедно со претставници од ЕУ и дека е вклучен и Кабинетот за борба против корупцијата на ниво на експертиза.

- Штом ќе биде готов, ќе биде поднесен. Ама и без тој закон, имате процеси кои застанале. Таму треба да се бара одговорот зошто се застанати, рече Ковачевски.

За овој случај, денеска е најавена прес-конференција од страна на Дрин Ахмети, извршен директор на „Thor Industries“, Владимир Пјетерѓокај, сопственик на „PE-VLA-KU SH.P.K.“ и Хано Соравија, основач на „Soravia Group GmbH“.

Од друга страна, опозицијата бара правосудните органи да почнат да делуваат без да користат двојни стандарди и сите лица за кои постојат основaни сомневања за сторени криминални и корупциски дејствија, да бидат спроведени пред лицето на правдата.

-Оваа црна листа е еден шамар за ДУИ, затоа што одговорност мора да постои. А одговорни за непостапувањето и затскиравањето на криминалните дејствија на високите функционери на ДУИ се токму инфилтрирани членови во највисоките судски инстанци, и во обвинителството и во судството на Република Македонија, рече Ели Панова на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче по терк на својот ментор Заев ги лаже граѓаните.  Филипче во текот на своето министерување има континуитет само во едно, а тоа се лагите.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија и дека внукот на Али Ахмети кој го купи трговскиот центар „Соравиа“ за 30 милиони евра, има добиено концесија од државната ЕСМ за ископ на варовник, а фирмата има само еден вработен и ја повикаа Антикорупциската комисија да постапи по овој случај.

Стејт департментот го стави Мерко на црната листа со што му забрани влез во државата поради корупција и мешање во судски процеси. Во одлуката на Стејт департментот се посочува дека забраната за влез во САД се однесува и на сопругата и трите полнолетни деца на Мерко. 

Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер најави дека името на Мерко не е единственото што внимателно се разгледува во Вашингтон. 

Се надеваме, изјави Агелер, дека ова праќа порака до оние кои ги злоупотребуваат функциите за кои се избрани од граѓаните, дека ќе одговараат и дека не се добредојдени во САД. Според неа, сега институциите во земјава се на ред да одлучат дали сакаат да дејствуваат или да истражат. 

Откако се најде на црната листа на САД, струшкиот градоначалник го замрзна членството во матичната партија ДУИ. Оттаму побараа институциите во државата веднаш да започнат со сеопфатна истрага за сите можни тврдења и информации што произлегуваат од одлуката на Стејт департментот.

-ДУИ бара институциите во државата веднаш да започнат сеопфатна истрага за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за сите можни тврдења и информации што произлегуваат од одлуката на американскиот Стејт департментот за негово ставање на „црна листа“ на САД поради „значителна корупција“, изјави портпаролот на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи. бак/ев/вг/

Фото: МИА

 

 

 

Остани поврзан