• петок, 12 јули 2024

Струшката Библиотека и Центарот за култура продолжуваат со одбележување на двата големи јубилеи 

Струшката Библиотека и Центарот за култура продолжуваат со одбележување на двата големи јубилеи 

Струга, 12 јули 2024 (МИА) - Во рамките на одбележувањето на jубилејот 80 години постоење на Библиотеката и 65 години од основањето на Дом на култура „Браќа Миладиновци” - Струга, денеска во Паркот на поезијата ќе го одржи вториот настан поврзан со чествувањата на установата.

Посетителите, како што соопшти Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, ќе имаат можност да видат дел од делата на роднокрајните автори, како и изданија од Збирката на Струшките вечери на поезијата што  ја поседува Центарот за култура и е единствена во државата.

- Овие дела не се издаваат и единствено можат да се погледнат само во просториите на Библиотеката. Ќе бидат изложени и уметнички дела на познати уметници- сликари. Центарот за култура ќе додели и благодарници на општествено одговорни компании и личности за голем придонес во развивањето на културата во Струга, стои во информацијата на Центарот за култура.

Одбележувањето на двата големи јубилеи почна во март годинава со официјална соработка за размена на книжевни дела од роднокрајни автори од Струга и автори од НР Кина.

Одбележувањето на големите јубилеи треба да продолжи и во август со повеќе културни манифестации. сс/дма/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан