• сабота, 18 мај 2024

Струмичките пожарникари изгаснаа пет пожари на отворено

Струмичките пожарникари изгаснаа пет пожари на отворено
Струмица, 24 август  2021 (МИА)-Струмичките пожарникари во текот на денов изгаснале пет пожари на отворено на исто толку различни локации. Според информацијата од Територијалната против пожарна единица на Струмица, најголем бил пожарот во атарот на село Габрово. Таму горела сува треба и нискостеблеста шума, а пожарот зафатил површина од околу 2 хектари, а во гаснењето на пожарот учествувале три против пожарни возила и 9 пожарникари. Пожарникарите гаснеле пожари и во атарите на селата Добрашинци, Градско Балдовци, Банско и Бориево. Во овие пожари горело сува трева и ѓубре. рт/са/

Остани поврзан