Струмичките пожарникари гаснеле пожар во Моноспитовското блато
- Како што информираа од ТППЕ Струмица, во гаснењето на пожарот учествувале две против пожарни возила и 6 пожарникари, а пожарот бил навреме и успешно изгаснат.

Струмица, 9 февруари 2024 (МИА) - Струмичките пожарникари вчера гаснеле пожар во Моноспитовското блато, каде биле зафатени сува трева и трски.
Како што информираа од ТППЕ Струмица, во гаснењето на пожарот учествувале две против пожарни возила и 6 пожарникари, а пожарот бил навреме и успешно изгаснат.
Инаку, Моноспитовското блато се простира на површина од околу 400 хектари. Тоа е едно од последните мочуришта во државата и е прогласено за споменик на природата.Често пати се случува да биде опожарено и најчесто страда трската. рт/дма/
Фото: ТППЕ Струмица