• понеделник, 13 јануари 2025

Струмичанец украл куче во Николиќ, при бегство со возилото го удрил сопственикот

Струмичанец украл куче во Николиќ, при бегство со возилото го удрил сопственикот

Струмица, 13 јануари 2025 (МИА) - Жител на струмичкото село Дабиле, С.В. (57) се сомничи од полицијата дека вчера околу 19 часот од И.М. (64) од село Николиќ, Општина Дојран, одзел куче и при бегство од местото со возилото го удрил оштетениот, соопштија денеска од СВР Струмица.

Струмичанецот бил фатен од полицијата еден час подоцна на местото „Дојранска крстосница“ и кај него било пронајдено одземеното куче, кое му било вратено на сопственикот.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и по документирање на случајот против С.В. полицијата ќе поднесе соодветна пријава.рт/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан