Стружани изминатите неколку денови континуирано дишат загаден воздух
- Со герила акција, група активисти од Струга синоќа го изразија својот револт за загадениот воздух и проблемите со водоснабдувањето. Тие со видео прожектор на Општинската зграда испратија пораки дека во Струга нема воздух, нема живот и нема вода.
Струга, 24 септември 2025 (МИА) - Со герила акција, група активисти од Струга синоќа го изразија својот револт за загадениот воздух и проблемите со водоснабдувањето. Тие со видео прожектор на Општинската зграда испратија пораки дека во Струга нема воздух, нема живот и нема вода.
Стружани изминатите неколку денови континуирано дишат загаден воздух и тешка смрдеа од запалена дива депонија. Незадоволството ќе го искажат и на протест в петок со блокада на кружниот тек на влезот од градот.

Од Територијалната противпожарна единица Струга велат дека се работи за дива депонија на приватен имот на патот за селото Калишта, на самиот брег на Охридското Езеро, но оти не биле повикани за интервенција. Депонијата, појаснија, неможела да се изгасне со вода, туку било потребно откопување со механизација.
Жителите на градот распослан на брегот на Охридското Езеро и реката Црн Дрим постојано се соочуваат и со недостаток на вода за пиење од градскиот водовод. Проблемот кулминираше вчера со неколку часовен прекин поради оштетување на главната цевка од водоводната мрежа. сс/вј/
Фото Фејсбук