• сабота, 18 мај 2024

Струга Трим Лум се пласира во плејофот на Конференциската лига на УЕФА

Струга Трим Лум се пласира во плејофот на Конференциската лига на УЕФА

Луксембург, 17 август 2023 (МИА) - Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ ќе игра во плејофот на Лигата на Конференции. Стружани вечерва загубија со 2:1 од Есперанж на гостувањето во Луксембург, но во Скопје победија со 3:1 и со вкупни 4:3 одат понатаму.

 

Струга од 15.минута играше без исклучениот Марјан Радески. Но по само две минути од исклучувањето Бесарт Ибраими постигна гол кој се покажа решавачки за вкупниот победник.

 

Домаќините реализираа во 70.минута преку Густаво и во 90+4 преку Акалаија. 

 

Според ждрепката, за влез во групната фаза, Струга ТЛ ќе игра со Бреидаблик од Исланд. зс/  

 

Фото: Фејсбук

 

Остани поврзан